Најмалку 13 лица се повредени при пукањето во метро станица во Бруклин, Њујорк. Луѓето биле застрелани во инцидент што се случил од лице коешто носело гас-маска и побегнало од местото на настанот, јавува Би-би-си.
Си-ен-ен пренесува дека пукањето се случило околу 8:30 часот наутро, а во метро станицата експлодирало средство за испуштање чад. Граѓаните надвор од станицата забележале чад, по што повикале полиција и противпожарна екипа.
Полицијата на Њујорк и портпаролот на њујоршкиот градоначалник Ерик Адамс ги повикаа граѓаните да ја избегнуваат локацијата помеѓу 36-тата улица и 4-тата авенија во Бруклин. Метро возовите коишто сообраќаат преку метро станицата во Бруклин каде што се случи инцидентот се сопрени./мета.мк