Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ја преведе публикацијата „Дезинформации и изборни кампањи“, имајќи ја предвид тековната изборна кампања за предвремените парламентарни избори.
Публикацијата содржи преглед на состојбата со дезинформациите од технички и од политички аспект, препораки и мерки за справување со нив.
„Земајќи ја предвид новата европска Општа регулатива за заштита на личните податоци, чија цел е почитување на личните податоци и добивање согласност од корисниците, а која на платформите за социјални медиуми им наметнува построги правила отколку во минатото, и земајќи предвид дека заради немање регулатива земјите-членки на Европската унија и на Советот на Европа немаат делотворно правно средство да се заштитат од дигиталните механизми за манипулирање за време на изборна кампања,“ се вели меѓудругото во публикацијата.
Проектот е дел од „Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција II“ на Европската Унија и Советот на Европа.