Посветеноста на постојаниот раст и развој и следењето на трендовите и на најновите достигнувања во сферата на фармацијата, се главните причини поради кои во изминатите две децении „Алкалоид“ АД Скопје се задржа на курсот на континуираното инвестирање, вложувајќи преку 200 милиони евра.
“Изминатата година не беше исклучок од ова правило, па нашите заложби се да го задржиме истиот инвестициски тренд и оваа година.
Во 2022 година се реализирани инвестиции во нови капацитети во сите сегменти на компанијата – од енергетска ефикасност и користење алтернативни извори на енергија до складишни објекти и фабрики, лаборатории и тренинг-центри.
Нашиот бизнис-план за 2023 година предвидува инвестирање на околу 11% од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, бидејќи сметаме дека само со постојано инвестирање и подобрување може да го задржиме „Алкалоид“ на патот кој води до освојување на светските пазари”, информираат од АД АЛКАЛОИД – Скопје.