Адеми: Одлуката на Уставен суд од 9 Октомври е неуставна и незаконска

Сподели

Издвоеното мислење на двајца судии на Уставниот суд од албанска етничка припадност, Проф. Осман Кадриу и Насер Ајдари, во врска со одлуката од 9 октомври на Уставниот суд за укинување на критичен столб на Уставот и Охридскиот Мировен Договор – правичната застапеност, предизвика слабока вознемиреност кај албанците но и сите грѓани кои за разлика од оваа влада се уште веруваат во соживот и еднаквост. 

– Она што го прочитавме во ова мислење ги потресе сите мирољубиви граѓани на оваа земја, а особено Албанците, изјави потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми. 

 Кога судиите во своето мислење велат: “Одлуката е донесена на национална основа, преку прегласување, со носење одлуки против правата на немнозинските заедници и спротивно на основната вредност – правото на правично и адекватна застапеност. 

Ја сметаме оваа одлука за незаконска и со сериозни правни последици,” Ова претставува еден од најголемите напади врз меѓуетничките односи, потсетувајќи нè сите на однесувањето на институциите во деведесеттите години, кога загриженоста на Албанците беше надгласувана, потиснувана и многу често и насилно. 

 Понатаму, во своето мислење, судиите истакнуваат: “Сакаме веднаш да нагласиме дека правниот израз – припадност на заедницата, е уставна институција и, како таква, уставна категорија. 

Како резултат, горенаведената одлука укинува уставна категорија која е поврзана со ‘припадноста на заедницата’.” 

 Ова е уште еден доказ дека одлуката на Уставниот суд за спроведување на партиската програма на владејачката партија претставува обид за менување на мултиетничкиот карактер на уставниот поредок, кој е темел на концептот воведен со Охридскиот рамковен договор. 

 Како легитимни претставници на албанскиот народ, повторно ја истакнуваме итната потреба од поништување на одлуката од 9 октомври, бидејќи истата е незаконска и противуставна. 

 Ниту една одлука на Уставниот суд за закони донесени со двојно мнозинство според Бадентеровиот принцип не може да биде дискутирана или усвоена без учество и согласност на претставниците на таа заедница. 

 За Албанците не може да се одлучува без Албанците! 

 Демократската унија за интеграција останува цврсто посветена на заштитата на уставните темели на мултиетничкиот поредок и на обезбедување гаранција дека праватата гарантирани со Охридскиот рамковен договор ќе останат неприкосновени.