„Аџибадем Систина“ се става на располагање за најкритичните пациенти за итен третман

Сподели

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со сите свои ресури се става на располагање за транспорт и прифаќање на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани.

Ве известуваме дека веќе е направен прием на тешко повредени пациенти во болницата. Болницата е во постојана комуникација со Министерството за здравство и се вклучува во помош онаму каде е најпотребно.

На располагање се 20 интензивни места за третман на најкритичните пациенти, како и целокупниот капацитет и медицнски тим на болницата неопходен за итен третман, информираат од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.