Адвокатот на Груби: Нема основи на сомневање за сторено кривично дело

Сподели

Адвокатот Владимир Доневски, во својство на бранител на Артан Груби, со соопштение до медиумите информира дека, по утврдување на она со кое досега судот располага, нема основи на сомневање на сторено кривично дело предвидено со закон.

“Во име на Артан Груби, како брантел ангажиран од неговото семејство, со оглед на големиот јавен интерес за овој случај, Ве информирам за следното:

До денес не излеговме во јавност, бидејќи одбраната, а исто така и гонењето на осомничениот се води во судска постапка, а не преку медиуми.

Откако е отпочната оваа кривична постапка, ние како одбрана зедовме активно учество во сите дејствија кои се преземаат.

По утврдување на она со кое досега судот располага и анализа на аргументите на јавното обвинителство, според нас нема основи на сомневање за сторено кривично дело предвидено со закон.

Одбраната и сите аргументи ќе бидат изложени во рамка на законски предвидената постапка, се со цел да биде убеден и судот и јавниот обвннител дека нема кривично дело во дејствијата за кои се обвинува Артан Груби.

Се надеваме дека сите учесници во оваа кривична постапка ќе останат имуни на очигледната политизација на процесот и ќe ја задржат непристрасноста и независноста и одлуките ќе ги носат, како и ние, врз основа на јасни правни аргументи.

Со оглед дека судењата се јавни, медиумите и целокупната јавност ќе можат да го следат процесот и сами да донесат заклучок дали постојат докази за утврдуватье на вина кај Артан Груби, се наведува во денешното соопштение на бранителот – адвокат Владимир Доневски – Адвокатско друштво ДОНЕВСКИ.”