Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со Швајцарската програма за промоција на извозот (СИППО) и Стопанската комора, со активно учество на македонскиот приватен сектор, реализираат работилници за изработка на Стратешки план за 2025/2027 и Акционен план за 2025 година.
За успешна изработка на програма за промоција и развој на туристички продукти кои ќе ја зајакнат конкурентноста на дестинацијата и ќе овозможат раст на туристичката индустрија потребно е вмрежување и синхронизација на сите инволвирани и засегнати субјекти, како и системско поставување на приоритетите кои се од стратешко значење за туризмот.
Македонската туристичка индустрија мора да ги прати светските трендови, слободно може да кажеме дека иднината на туризмот е зелена. Туристичката индустрија брзо се развива, а патниците се повеќе бараат одржливи и одговорни туристички практики. Во основата на Стратешкиот план за 2025/27 мора да се постават насоки и активности поврзани со одржливост на дестинациите и систем за сертификација.