Ахмети: Албанците се на нивното место и во нивната држава

Сподели

Во Република Македонија, живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи… Ние сме дел од Уставот на РМ и нема никаква дилема дека Албанците се во нивното место и во нивната држава, рече вчера претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М, одговарајќи на новинарско прашање, дали името Република Северна Македонија го одразува и идентитетот на сите Албанци.

Тој појасни дека имал серија средби со грчките власти, вклучувајќи ги и министрите за внатрешни работи на Грција во изминатите 10 години и дека инсистирал на барањето да не прекинат односите меѓу Македонија и Грција и да не се продлабочи јазот, туку да се изнајдат заеднички позиции и дека ги убедил оти нема никаков проект за промена на границите во регионот.

meta.mk