Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети на Бихаќка.
„Ова е прва средба на лидерско ниво помеѓу претседателот на СДСМ, Заев и претседателот на ДУИ, Ахмети, по предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016 година. На средбата начелно се разговараше за позициите на двете страни коишто ги застапуваат во овој период, без навлегување во детали или разговори за одделни конкретни прашања“, стои во соопштението од СДСМ.
На средбата начелно се разговараше за позициите на двете страни коишто ги застапуваат во овој период, без навлегување во детали или разговори за одделни конкретни прашања. Во следниот период за очекување е дека ќе продолжат средбите помеѓу двете страни, за што јавноста навреме ќе биде информирана, соопштија од СДСМ.
Средбата се случува во време кога мандатот го има Никола Груевски, но и по десет дена од дваесетте предвидени се уште нема договор со ДУИ за формирање влада. Останатите партии на Албанците кажаа дека со Груевски нема да коалицираат. Како што информираат од двете партии, акцентот бил ставен на две точки, односно на „анализа на резултатите од изборите одржани на 11 декември, кои беа оценети како слободни, фер и демократски, како и анализа на актуелната политичка состојба“.