Ахмети од Тетово: Завршуваме една европска кампања, во недела ја славиме победата

Сподели

 

Демократската Унија за Интеграција вечерва одржа изборен собир за вториот круг од локалните избори во градот Тетово.
 
Пред присутните  се обратија претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети, кандидатката за градоначалник на општина Тетово г-ѓа Теута Арифи и шефот на општинскиот штаб г. Фатон Ахмети.
 
 
 
 
Давајќи поддршка за Теута Арифи, лидерот на ДУИ Ахмети истакна дека оваа Агенда што ја претстави  ДУИ во Тетово може да ја реализира само Теута.
 
„Многу сум сигурен дека од сите анализи и студии што се направени, вие направивте европска кампања, вие победата ја имате осигурано затоа што таа победа e постигната со пот и пред се е со визија. Ги следев опонентите за да видам дали некој може да не замени и со жалење можам да кажам дека навистина водеа кампања без понуда, сува и преголема теорија, па ова докажа дека првиот круг го затворивме уште поуспешно од една година претходно, со близу 120.000 гласачи“, нагласи претседателот на ДУИ Али Ахмети.
 
Кандидатката на ДУИ за општина Тетово, Теута Арифи во својот говор пред тетовци рече дека е свесна дека овој град го заслужува најдоброто што можеме да го направиме за него, ја заслужува целата посветеност.
 
 
 
 
„Со ваша поддршка, јас сум градоначалнича на овој град на кој секогаш му била потребна вистинска грижа и лидерство. Сите овие години со ваша помош работев за булевар повеќе, училиште повеќе, водоводна мрежа повеќе, за проект повеќе, свесна дека токму овој град го заслужува најдоброто што можеме да го направиме, ја заслужува нашата душа, срце и целата посветеност. Сум била со Тетово и со тетовци, секој ден, во секој успех, но и во најтешките денови, како што се последните две години што ги поминуваме заедно“, изјави кандидатката на ДУИ за општина Тетово, Теута Арифи.
 
Шефот на општинскиот штаб, Фатон Ахмети им порача на граѓаните дека општина Тетово останува во сигурни раце, раце кои имаат искуство.
 
 
 
 
„Ние ја заокружуваме оваа достоинствена и европска кампања, ја завршуваме оваа битка во градот на славата и големите промени, во нашето сакано Тетово. Вечерва заеднички ја потврдуваме нашата победа и ве уверуваме дека Општина Тетово останува во сигурни раце, раце кои имаат искуство, мудрост и вистински проект да ја направат достоен европски град. Нашите визии и мисии се долгорочни и не се прават преку ноќ, затоа ДУИ е политички бренд на Албанците а не експериментална партија каде во зависност од околностите се менува и идеологијата. Дека сме во чекор со
развиените европски партии докажува нашата Зелена агенда која ја започнавме и ќе ја спроведуваме на сите нивоа на власта“, изјави Шефот на Општинскиот штаб во Тетово, Фатон Ахмети.
 
ДУИ, локални избори 2021