АКАДЕМИК НА КЕМБРИЏ СЕ СОБЛЕЧЕ ГОЛА ВО ЗНАК НА ПРОТЕСТ ПОРАДИ БРЕГЗИТ

Сподели

maxresdefault-702x336

Академик на Кембриџ зачекори гола за време на состанок на економисти во факултетот, во знак на протест против гласањето на Велика Британија да ја напушти Европската унија, пренесува радио МОФ.

Викторија Бејтман, соработник по економија на Универзитетот во Кембриџ, пристигна на состанокот во средата со зборовите „Брегзит ја остави Британија гола”, напишани низ стомакот и градите.

Како што пренесуваат странските медиуми, Бејтман присуствувала на двочасовната средба, на која 30 други економисти дискутирале за наставните материјали и курсевите на Факултетот за економски науки при Универзитетот на Кембриџ, без никој да го спомене нејзиниот недстатиг на облека.

Во 2014, пак, Бејтман позираше гола за портрет, дело на уметникот Антони Каноли, кој потоа беше изложен во галериите на сите трговски центри. Таа тогаш изјави дека причината поради која се согласила да го направи тоа е бидејќи сака да го покрене прашањето за начинот на кој се прикажуваат жените и да ја отргне асоцијацијата на телото со сексот.

Бејтман го истражува развојот на економијата на Велика Британија и отворено се спротивстави Велика Британија да ја напушти ЕУ, пред референдумот. Во една статија за Блумберг, таа претходно напиша дека ефектот ќе биде „значителен” и дека „многу работни семејства ќе бидат во многу полоша ситуација”.