Ако го земеме она што го гледаме
машините што нè излудуваат,
љубовниците кои на крајот се мразат,
рибата на пазарот,
што зјапа најмногу во нас
цвеќето што гние,
мувите во мрежата на пајакот,
уличните нереди,
криците на лавовите во кафезот,
кловновите вљубени во паричници,
нациите што ги поместуваат луѓето како пиони,
дневните крадци со преубави
ноќни жени и виното,
претрупаните затвори.
Вообичаено невработените,
анемичната трева,
луѓето доволно стари за да го сакаат гробот.
Тие нешта, и други, покажуваат
дека животот се ниша на скапана оска.
Но ни оставија малку музика
и говорничкото шоу на аголот,
чаша виски,
сина кравата,
џебното издание на песните од Рембо,
коњот кој трча како ѓаволот да му го врти опашот,
и потоа тука повторно е љубовта
како трамвај кој навреме стигнува
зад аголот
градот кој чека
виното и цвеќето,
водата што шета преку езерото
и летото и зимата
и летото
и летото
и повторно зимата.