„Ако не го екстрадираат Ѓулен, тоа ќе влијае на односите меѓу Турција и САД”

Сподели

thumbs_b_c_746551090e5c66e8ce1b6cb08335c50c

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, рече дека ако неговата земја не добие одговор од Соединетите Американски Држави (САД) во врска со барањето за екстрадиција на лидерот на терористичката ФЕТО, Фетула Ѓулен, неизбежно е дека оваа ситуација ќе влијае на односите помеѓу двете земји, јавува Anadolu Agency  (AA).

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавусоглу, во интервју за јапонската новинска агенција „Кјодо”, коментираше за обидот за државен удар во Турција, како и за настаните по него. Говорејќи за барањето кое е доставено до Соединетите Американски Држави (САД) за екстрадиција на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, Чавушоглу изјави:

„Во случај од САД да не добиеме одговор на барањето за екстрадиција на Ѓулен, неизбежно е дека оваа ситуација ќе влијае врз односите меѓу двете земји”.

Во врска со делувањето на терористичката организација ФЕТО во Јапонија, Чавушоглу изјави дека во оваа земја се активни 15 организации во образовниот, културниот и трговскиот сектор. Тој истакна дека очекува активностите на овие организации да запрат, додавајќи дека ФЕТО претставува закана за стабилноста и безбедноста на Јапонија.

На прашањето како државниот удар се одразил врз турската економија, Чавушоглу изјави дека неговата земја во овој момент ги има преземено сите неопходни мерки. Тој рече дека јапонските компании не треба да се сомневаат во тоа, и ги покани да инвестираат во Турција.