Активистите задоволни од раскинувањето на договорот за Kазандол

Сподели

Активистите против изградба на рудници во Валандово ја поздравија одлуката на Владата за раскинување на договорот со компанијата Сардич МЦ, за експлоатација на  бакар од локалитетот Казандол. Според нив конечно победил граѓанскиот активизам, а државните органи го слушнале гласот на народот од југоистокот кој со месеци и се противи на било какви рудници, пренесува0.

Задоволство од донесената владина  одлука има и кај првиот човек на Валандово Перо Костадинов. Тој тврди дека со одлуката Владата  економскиот потенцијат на ова општина го гледа во земјоделството и туризмот.

За раскинување  на договорот за концесија за Казандол реагираше украинската амбасада бидејки концесионерот е од ова држава.  Амбасадорката Наталија Задорожнјук упати писмо до премиерот Заев потсетувајки го на спогодбата на Македонија и Украина за заштита на инвеститорите.

Амбасада смета дека раскинување на Договорот ќе има сериозни финансиски последици како за украинската така и за македонската страни. Би сакале да го обратиме Вашето внимание на фактот дека меѓу Украина и Република Македонија постои Спогодба за поттикнување и заемна заштита на инвестиции и во случај на спор меѓу двете договорени страни истиот ќе се решава по пат на пријателски преговори

Стои во писмото од Задоржнјук до Заев. Вчера премиерот соопшти дека Владата како концедент го раскинува договорот со концесионерот Сардич МЦ за Казнадол. Како причина ја наведе грижата за здравјето на животот на жителите од југоистокот и неизградената постројка во рок од две години која требало да процесуира 50 одсто од експлоатаираната руда.