Активистот Асани: Оваа власт направи најмногу за ЛГБТ заедницата

Сподели

 

По острите реакции и осуда кај јавноста по вчерашната изјава на премиерот, активистот за права на ЛГБТИ заедницата, Беким Асани, изјави поддршка за премиерот Заев:

-“Воопшто не се чувствувам навреден, како може оваа власта, која за две години направи толку многу за ЛГБТИ, сега така остро да се напаѓа. Во македонскиот речник јасно се знае што значи „педер“ и нема потреба да се чувствувам навреден.”

„Зоран Заев и неговите министри и пратеници, за две години направија многу за ЛГБТИ Заедницата. Северна Македонија е лидер на Балканот за почитување на ЛГБТИ правата и закони за заштита на ЛГБТИ Заедницата. До пред две години сите врати ни беа затворени во сите министерства и институции, а имаше и политичари кои викаа дека не постоиме…

Од вчера до денеска за еден збор кажан од Зоран Заев толку омраза и толку гнев кон него воглавно од тие што наводно се борат за човекови права…
Ало бре, дволични створења одлучете се што сакате ве молам… имајте став… до пред некој ден министрите кои се дел од владата на Заев ги кревавте до небо, а сега била хомофобична влада…“, напиша Беким Асани, граѓански активист од Тетово на својот Фејсбук профил.

„За мене Зоран Заев ќе биде и ќе остане истиот тој скромен човек кој во 2015 на 17 Мај точно пред влада, во кампот кога ме виде со ЛГБТИ знаме ми рече мило ми е што сте тука со оваа знаме…а неговата среќа за присуството на ЛГБТИ знамето го потенцираше и по негови изјави…“, додава Асани.