Активна потрага по малиот Петар – граѓаните кои сакаат да помогнат да се јават на 071 268-594

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое неговиот родител пријави во петокот (25.02) вечерта дека се оддалечило од домот во с. Врбско, општина Прилеп.

Во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон, а во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“- Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови. Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето.

Поради големиот интерес на граѓани кои сакаат да се вклучат во потрагата, а со цел подобра координација, ги упатуваме да се јават на телефонскиот број на дежурната служба во с. Витолиште 071 268-594.

Уште еднаш апелираме и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата.