Никој од туристите не доаѓа во Охридското Езеро да фрли машина за перење

Сподели

Клубот за подводни дејности „Охрид“ денеска почна со активности во рамки на акцијата за чистење на дното на Охридското Езеро, од цврст отпад на потегот од градското пристаниште до Канео.

Градоначалникот Јован Стојаноски пред почетокот на акцијата рече дека Охрид како туристички центар треба да биде препознатливо чист, за што побара поддршка од граѓаните, да водат сметка за чистотата на градот и езерото.

– Акцијата за собирање отпад од езерото е мал проект, дел од поголемата приказна што е предвидено да се реализира во соработка со ЈП „Охридски комуналец“. Планирани се многу акции во кои ќе бидат вклучени училишта, фирми и охридските јавни претпријатија. Јасно е дека ЈП „Охридски комналец“ не може сам да го чисти целото крајбрежје, па оттаму важноста на ваквите акции, рече Стојаноски.

 Нуркачите од Охрид преку најразлични активности и проекти повеќе од 20 години вршат чистење на дното на езерото.

– Наша единствена цел е да влијаеме врз свеста на граѓаните, да им се вреже во свеста дека не треба да се фрла отпад во езерото. Езерото го загадуваат исклучиво граѓаните на Охрид, никој од туристите не доаѓа за во езерото да фрли машина за перење, истакна Горан Балевски нуркач од Клубот за подводни активности „Охрид“.

Акцијата е финансиски поддржана од локалната самоуправа..