Голем број на граѓани во текот на викендот донираа ќебиња, чиста облека, обувки, душеци за спиење, прибор за јадење и хигиенски средства за бездомниците на пунктот на Мрдни со Прст во Скопје Сити Мол. Пакетите со донации денеска беа доставени во Социјалниот центар „Дуња“ кој што обезбедува помош и вдомување на бездомници кои немаат каде да се засолнат од поларните температури кои што ја зафатија нашата држава, пренесува 24 Вести.
„Се приклучив на акцијата и донирав облека за лицата кои во овие ладни денови немаат покрив над главата. Откако дознав за акцијата на Мрдни со Прст веднаш се упатив во Скопје Сити Мол и донесов облека и обувки. Нема сомнение дека на бездомниците им е потребна помош и вакви акции ги потсетуваат граѓаните дека треба да бидеме хумани и меѓусебно да си помагаме“, изјави граѓанин кој донирал.
Пултот за донации на „Мрдни со прст“ беше отворен викендов, но донирањето продолжува во просториите на Социјалниот центар „Дуња“ на ул. Рајко Жинзифов бр 22 (спроти градежен факултет). Исто така секој може да помогне и со лоцирање на бездомник и негово пријавување на страната на Мрдни со прст: http://mrdnisoprst.mk/ или Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst.