Албанија е на 14. место од 82 земји во светот, според успешноста на јавно-приватно партнерство, објави Светска банка.

Ова постигнување е резултат на анализата направена во четири области: подготовка на проекти, набавка, управување на несакани предлози и управување со договори. Во подготовката на проекти, Албанија од вкупно 100 добила 67 поени, 75 бода добила за управување со несакани предлози, 78 за набавки и 55 поени за управување со договори.

Албанија во регионот подобро е рангирана и од Романија и од Бугарија.

meta.mk