Ја поздравуваме посетата на Претседателката на Европската Комисија, Г-ѓа Фон Дер Лајен која ги вложува сите напори за забрзување на целосната интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Со особено внимание ги слушнавме нејзините пораки за неопходноста од коренити внатрешни реформи во сите сфери, со фокус на справување со високата корупција. Во целина ги делиме нејзините препораки. Впрочем, тоа се и нашите заложби кои ги повторуваме во континуитет и за кои нудиме ефикасни решенија и политики.
Денес сме овде пред Владата, бидејќи знаеме дека најголемиот проблем за нашето полноправно членство во ЕУ, седи овде, во овој објект. Затоа, денес ја користиме приликата да ги поставиме следните прашања:
Дали и кажавте на Г-ѓа Фон Дер Лајен за авантурата за враќање на Груевски? И објаснивте ли дека главната лажна надеж за ЕУ стана политичарот кој најмногу ја оддалечи земјата од ЕУ додека беше Премиер? Дали и објаснивте дека всушност ДУИ е откажан од уставните измени? Дали и кажавте дека единствениот фокус на ДУИ е преку враќањето на Груевски да се обиде да обезбеди пазар со ВМРО-ДПМНЕ каде на маса ги става и пратениците на СДСМ? Дали дозна Г-ѓа Фон Дер Лајен дека ДУИ бара концентрациона Влада после парламентарните избори за да го зачува нелегално стекнатиот капитал? – праша Башким Хасани, од Албанскиот опозициски фронт.
Измените на Кривичниот Закон кои овозможија амнестија за многу поранешни функционери преку злоупотреба на ЕУ знаме е најдобра потврда дека ДУИ ги злоупотребува европските интеграции како параван за остварување на лични бизнис и тесно партиски интереси.
Албанците никогаш нема им го простат ова кокетирање на ДУИ со Никола Груевски кој на нашиот народ му нанесе големо зло. На изборите кога и да се одржат следи казна за ДУИ.