Алијанса за Албанците и Алтернатива вечерва со марш за демократија

Сподели

 

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива вечерва, со марш низ скопските улици, ќе го изрази својот револт за потиснување на правото на слободното гласање. Маршот, како што најавија организаторите, ќе почне во 19 часот. Членовите, симпатизерите и поддржувачите на партиите на Села и Гаши ќе тргнат од паркот во Чаир, а според маршрутата на движење, преку мостот „Гоце Делчев“ и зградата на Владата, планирано е протестната поворка да заврши пред канцеларијата на Делегацијата на Европската Унија.

Денешниот марш на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, како што најавија овие партии, е знак на револт за потиснување на правото на слободното гласање. 

 

 

“Пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје – ќе биде испратена јасна порака дека една држава која ги започнува преговорите за членство во ЕУ не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и да бидат избрани, што е основното човеково и политичко право во ЕУ”, изјави портпаролката на Централниот штаб на коалицијата, Нурџан Асановска, наведувајќи дека за да се избегне каква било можност за инфекција маршот ќе се одвива со заштитни маски и одржување дистанца.