Според британскиот „Гардијан“, животот го загубиле двајца планинари, еден параглајдерист, едриличар и вингсјут летач
БЕРЛИН (АА) – Во несреќите во есктремни спортови кои минатиот викенд се случија на Алпите, животот го загубија петмина спортисти, пишува Anadolu Agency (AA).
Според британскиот „Гардијан“, животот го загубија двајца планинари, еден параглајдерист, едриличар и вингсјут летач (летач со специјален летачки костим со платно помеѓу рацете и нозете).
Вчера попладне спасителите пронајдоа тело на параглајдерист на карпите во регионот Горна Савоја на швајцарската граница. Истото утро двајца француски планинари, 34-годишен маж и 37-годишна жена загинаа откако паднаа од карпите високи 50 метри.
Во саботата на Алпите загина 32-годишен маж во скок со параглајдер. Исто така, 32-годишен скокач со вингсјут во саботата вечер скокна во група со пет лица, но загинал. Иако потрагата е започната веднаш, неговото безживотно тело на карпата е пронајдено дури во неделата утрото.
Во саботата загина и 49-годишен инструктор во параглајдерство.