Акциите на американските берзи на почетокот на денешното тргување се вратија на рекордно високо ниво, бидејќи повисоките цени на нафтата ја зголемија вредноста на акциите на енергетските компании.
Истовреме акциите на европските берзи главно стагнираат, при што лондонскиот и франкфуртскиот индекс оствариле само мало зголемување, додека парискиот индекс стагнирал.
Цената на акциите на нафтените компании се зголемија, бидејќи Организацијата на земји извозници на нафта (ОПЕК) најави дека следниот месец ќе презеде мерки за ограничување на производство, пренесуваат светските агенции.