Американци уапсени и обвинети за помагање при хакирањето на високо рангирани функционери на владините институции во САД

Сподели

hakeri-racunar-brojevi-reuters-main_0

Двајца Американци се уапсени и обвинети за помагање при хакирањето на високо рангирани функционери на владините институции во САД.

Според американските медиуми, уапсените Ендрју Ото Богс и Џастин Греј Ливерман, биле дел од една хакерска група, која обвинителството на САД ја обвинува за сите извршени хакирања.

Електронската пошта, адресите на мејловите и комуникацијата на директорот на ЦИА, на шефот на Националното разузнавање и на многу други функционери биле нападнати од членовите на групата.

Тие ги украле, а подоцна и ги објавиле деталите за 29 илјади оперативци и други вработени во Федералното биро за истрага (ФБИ) и на Хоумленд Секјурити.

 Во своето дејствување, хакерите се пријавувале како техничари на разни сервисерски компании, за да може да дојдат до пасвордите , преку што потоа влегувале во интернет комуникацијата и во американскиот федерален компјутерски систем.

Сите вакви хакерски напади се извршени во почетокот на оваа година.
Доверливи и „чувствителни“ пораки и документи кои ги украле хакерите, ги објавувале на интернет.

Двајцата уапсени, идната недела треба да се појават пред американскиот суд.

Медиумите во САД откриваат дека американското обвинителство отвориле постапка и за други тројца членови на хакерската група.

Се верува дека станува збор за тинејџери кои живеат во Велика Британија, па британското обвинителство покренало своја истрага за да ги испита наодите на американското обвинителство.

Истрагата проценува дека припадниците на хакерската група која има извршено напади врз владините институции на САД и нивните функционери, живеат во странство.