Претседателските избори во САД, на кои ќе гласаат 225 милиони Американци, ќе се одржат денеска, а трката ќе се води помеѓу демократската кандидатка Хилари Клинтон и републиканецот Доналд Трамп.
Ќе се гласа во еден еден круг во секоја од 50 американски сојузни држави и во градот Вашингтон.
Повикувајќи се на спроведените анкети, медиумите оценуваат дека изборите никогаш досега не биле понеизвесни, а најновите анкети направени од „Блумберг“ и од Институтот за истражување на јавното мислење „Селзер енд Ко“ покажуваат дека Клинтон е во водство за три проценти во однос на Трамп.
Меѓу другите кандидати, либертаријанскиот кандидат Гери Џонсон има поддршка од четири проценти од испитаниците, додека кандидатката на Зелената партија ужива поддршка од 2 отсто.
Претседателот во заминување Барак Обама ги повика демократите од секоја етничка припадност да излезат на изборите за 45. претседател на САД и да го дадат нивниот глас за Хилари Клинтон, предупредувајќи дека САД се „на коцка на судбината“.
На неделниот собир во Северна Каролина, Обама истакна дека републиканскиот ривал Трамп е закана за тешко стекнатите граѓански слободи.
Имено, некои од државите традиционално гласаат за демократите, а други за републиканците, поради што кандидатите во кампањите го ставаат фокусот на оние десетина држави кои од избори до избори ја менуваат партијата – а меѓу нив најважни се Флорида, Пенсилванија и Охајо.
Американците денеска избираат и нов состав на Претставничкиот дом на Конгресот и третина од составот на Сенатот.
Дваесет од 50-те американски држави денеска ќе изберат нови гувернери.