Поетесата Ана Бунтеска за стихозбирката „Колку е потребно за среќа“ е добитник на наградата „Македонска книжевна авангарда“.
Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.
Ана Бунтеска (Скопје, 1972) дипломирала на Економскиот факултет во Скопје и работи во Македонската берза.
Има објавено две книги поезија, „Стави лајк на сопствениот живот“ и „Колку е потребно за среќа“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.
Досегашни добитници на наградата „Македонска книжевна авангарда“ се: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски и Стефан Марковски.