Ангелов: Снегот нема да не изненади, подготвени сме

Сподели

Државата е подготвена за претстојната зимска сезона и врнежите од снег, а граѓаните да користат зимска опрема на своите возила и доколку немаат неопходна потреба да не патуваат при најави за обилни врнежи, истакна директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на прес-конференција по состанокот со претставници на координативното тело.

– Оваа година надлежните институции нема да бидат изненадени, бидејќи од она што можевме да го слушнеме од оваа средба капацитетоте на јавните претпријатија за државни патишта и за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта се целосно подготвени. Бројот на камиони е доволен за територијата на државата, како и должината на патишта што ги имаме. Истовремено разговаравме во случај на потреба од стопирање на сообраќајот на некои критични точки, особено пред превоите во случај на снег, МВР да испрати засилени екипи, рече Ангелов.ина, истакна Ангелов.

– Безбедноста нека биде на прво место и доколку немаат потреба граѓаните нека не патуваат во услови кога имаме најава за врнежи на снег или снегот веќе започнува да врне. Доколку некој граѓанин остане заглавен на било која точка во државата, може да се јави на 112, доколку има телефонска линија и да побара помош. ЦУК ќе ги контактира надлежни институции.