Војската во Турција која се обидува да изврши државен удар, пукала на демонстрантите и полицијата на мостот на Босфорот во Истанбул и според агенцијата „АП“ има и повредени.
Граѓаните кои одговорија на повикот на претседателот Реџеп Таип Ердоган да излезат на улица и да се спротивстават на војската, се судрија со припадниците на безбедносните сили на улиците низ Истанбул и Анкара.
Според последните информации, околу турскиот парламент се пукало и од тенкови и дека ситуацијата низ улиците на Истанбул и Анкара се влошува. Грузија и Иран ги затвориле границите со Турција, јавуваат медиумите.
Според „Си-Ен-Ен“ турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган наводно бил одбиен за азил во Германија, а се уште е непознато каде се наоѓа вечерва додека во Турција се случува хаос.