Антикорупциска едукација на учениците во основните училишта

Сподели

 

Владата на вчерашната седницa ја донесе Информацијата за активностите во насока на имплементација на клучните мерки под димензијата Антикорупција од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020, и го задолжи Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието со писмен допис и оваа учебна година да ги извести сите основни училишта за потребата од планирање на антикорупциски содржини во своите годишни програми.

Согласно дописот, се очекува во учебната 2019/2020 година училиштата да ги реализираат планираните активности од нивните годишни програми за работа кои се однесуваат на активности поврзани со антикорупциската едукација на учениците.

Учениците во основните училишта во земјава оваа учебна година ќе учат и содржини за борбата против корупцијата.