Апелација ја потврди затворската казна од 4.5 години за Сеад Кочан

Сподели

Апелацискиот суд денес ја потврди првостепената пресуда на Кривичниот суд за предметот на Специјалното јавно обвинителство со кодно име „Труст“.

Судот изврши корекција на изречените казни. Имено, казната на Сеад Кочан ја намали од 6 на 4,5 години, а на Василије Авировиќ од три години во условна казна.

Двајцата се осудени за добивање на незаконски тендер од 2011 година распишан од државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола.