Сопствениците на Манчестер Сити купија 80% од акциите на поранешниот тим на нашите репрезентативци Несторовски и Трајковски италијанскиот клуб Палермо.
Овој клуб од Сицилија пред неколку дена се врати во Серија Б, по три години поминати во третиот и четвртиот ранг на италијанскиот фудбал.
Палермо последен пат играше во Серија А во сезоната 2016/17, а потоа доживеа финансиски колапс, кој ги принуди да стартуваат од почеток, од Серија Д.
Според италијанскиот новинар Мишел Криститело, Сити Фудбал Груп ги купила за 10.000.000 евра плус 2.000.000 евра бонус, па нема да мора долго да се грижат за финансиите.
Поранешниот претседател на клубот Дарио Мири задржа 20% од сопственоста на клубот и ќе остане на чело на Палермо за да го надгледува нивниот потенцијален нов подем.
Останува да видиме колку би можел да профитира Манчестер Сити од ова, бидејќи газдите од Обединетите Арапски Емирати ги имаат во нивната мрежа на клубови уште и Мелбурн Сити (Австралија), Њујорк Сити (САД), Јокохама (Јапонија), Монтевидео Сити (Уругвај), Жирона (Шпанија), Ломел (Белгија), Троја (Франција)…
The post Арапите влегоа и во Италија – Го купија поранешниот тим на Несторовски и Трајковски! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico