Aрбен Таравари ја објави кандидатурата за претседател

Сподели

 

Претседателот на Алијанса за Албанците (АА) и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари денеска објави дека ќе биде кандидат за претседател  на државата.

“По предлог на Претседателството на Алијансата за Албанците и со поддршка на Европскиот сојуз за промени, денеска ви се претставувам како кандидат за претседател на државата.

Привилегија е да ја имам довербата од толку многу фактори. Одговорност е да се биде нивен избраник и нивен доверлив човек. Мисија е да бидам вашиот глас.

Кога дипломирав за доктор, ја положив Хипократовата заклетва, а за мене најважен дел од заклетвата беше кога кажав дека Свечено се Обврзувам дека мојот живот ќе го ставам во Служба на Хуманоста. Ова ветување ме следи во секоја година и ден од мојата работа и ова Ветување нека Биде мојот мотив во оваа трка!

Имаме можност диверзитетот во нашата земја да го претвориме во уметност на соживот и хармонија. Со взаемна почит ќе можеме да се вратиме на сонот кој сите можеме да го имаме и да го оствариме. Јас верувам. Ова е Вистинскиот Ден за Почеток.

Навраќајќи се на мојата заклетва, кога ја добив титулата лекар, се обврзав дека во извршувањето на мојата професија нема да влијае религијата, националноста, расата, политиката или класната припадност. Сакам овие зборови добро да ги запаметите, бидејќи тие ја изразуваат суштината на моето ветување и за задачата која еден Претседател треба да ја има кон луѓето на неговата држава!

Сигурен сум во вашата поддршка. Со почит го чекам гласот на секој од вас. Дојде време државава да има претседател Албанец, не технички туку вистински. На секој кандидат му посакувам успех и нека оваа кампања биде приказна за инспирација, европеизам и триумф! Промената Започнала и ова веќе се гледа!” – изјави Арбен Таравари.