„Архангел” го затвора првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски”

Сподели

На летната сцена „Славиша Кајевски”, при Македонскиот народен театар вечерва (2 октомври) со почеток во 21:00 часот концерт ќе одржи македонската култна рок група „Архангел”.

Концертот насловен „Македонски подобро звучи – Едиција 4” е поддржан од Министерството за култура и туризам и Македонскиот народен театар со што свечено ќе се затвори првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски”.

Билетите се достапни како и секогаш во онлајн продажба преку веб-страницата на МНТ, www.mnt.mk, како и на билетарницата, која отвора секој работен ден од 12:00 часот.