Арсовска е странска инсталација-Скопје нема да го води унгарски конзул со бугарско државјанство

Сподели

 

На виделина е вистината за кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Денес обелоденуваме уште една тајна, чувана и криена од Арсовска. 
 
Ова е документот, Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство.
 
 
 
 
Во „Удостоверение“ од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство. Или како што изворно пишува:„Вицепрезидент на Република Блгарија с Указ номер 33 от 28.04.2011 година Е ДАЛ блгарско гражданство на Данела Арсовска“
 
Цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина. Од кои побуди г-ѓо Арсовска побаравте бугарско државјанство? За чии интереси одработувате? За унгарските? За Бугарските? За оние на Груевски? 
 
Не може Арсовска да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија.
 
Почитувани граѓани, ова е класично потценување и навреда на скопјани.
 
Зарем мислите дека скопјани ќе дозволат некој кој е инсталација на Груевски од Будимпешта, некој кој е државјанин на друга држава, да го руши градот? 
 
Даниела Арсовска, со бугарско државјанство и почесен конзул на Унгарија не проаѓа во Скопје.
 
Странски инсталации кои работат директно против интересите на граѓаните нема да поминат.
 
Г-ѓо Арсовска уште колку тајни криете вие од скопјани? 
 
Во недела, на 31 октомври да се обединиме, масовно да излеземе на изборите и да не дозволиме туѓи интереси да ни одработуваат среде главниот град, среде Скопје”.
 
СДСМ, Локални избори 2021, прес-конференција