Стартува четвртата година Асто Тури, по 3 успешни години, многу фотографии со млечен пат и среќни фанови на ноќното небо.
Доколку дозволуваат временските услови оваа година ќе се организира Астро Тури во 3 дела, почнувајќи од 7 Јули до 20 Јули, од 9 Август до 20 Август и од 6 Септември до 20 Септември секоја вечер во времетрање од 4 сати.
Турите започнуваат од Куратица во 20:30 часот (ресторан Дедо Димо) каде доаѓате со сопствен превоз или можете да не контактирате нас во врска со обезбедување на превоз доколку немате сопствено возило. Потоа со наш обезбеден превоз после 40 минутно возење низ шумест предел се стигнува до местото за набљудување на висина од 1700мнв. Секој учесник добива фотографија со Млечниот пат, за кој ќе се погрижи Стојан Стојановски 2С, информираат од Астро тури.
Цената е 75 евра по човек, а во цената е вклучена фотографија, превоз до местото и назад, вечера, пијалоци.
Местата се ограничени така да пријавувањето е најдобро да биде неколку дена претходно ради распоредување на местата (вкупно до 18 луѓе од вечер).
– Можност за приватни групни тури од 6 до 12 лица (цената е иста по човек)
– Можност за едночасовни предавања по фотографија на ноќното небо, како додаток при учествување на турата (со наша опрема, се доплаќа, за инфо повеќе контактирајте не)
– Можност за врзување на денски тури заедно со ноќната (повеќе инфо, контакт)

Достапни се и фамилијарни цени.
Пријавување на:+3 89 78 428 161 Стојан
Или на фан страната од Охридското Астрономско друштво.
Пријавување на:+3 89 78 428 161 Стојан
Или на фан страната од Охридското Астрономско друштво.