Авионска несреќа во Казахстан – најмалку 15 загинати

Сподели

 

Авион на компанијата „Бек Ер“ со 95 патници и пет членови на екипажот се урна во близина на градот Алма Ата во Казахстан. Досега според соопштението на тамошните власти, најмалку 15 луѓе се загинати, а над 60 се повредени и хоспитализирани во тешка здравствена состојба.

Несреќата се случила кога авионот од типот „фокер 100“ почнал да губи висина пред да удри во бетонска бариера и заврши во двокатна зграда.

Засега не се знае причината за падот на авиониот, но суспендирани се сите летови на авионот „Фокер 100″. Компанијата „Бек ер” се уште не ја коментираше несреќата.