АВМУ: Анкети заклучно со 24. а референдумски молк од 28. септември

Сподели

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека резултати од испитувања на јавното мислење во врска со референдумот може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот одреден за гласањето. Оттаму, резултати од анкети на јавното мислење може да се објавуваат заклучно со 24-ти септември 2018 година (понеделник).

Референдумскиот молк започнува 48 часа пред денот на гласањето, односно на 28-ми септември 2018 година (петок) и завршува со затворањето на гласачките места во 19 часот на 30-ти септември 2018 година. За време на молкот треба да престанат сите облици на јавна пропаганда поврзана со референдумот.

За повеќе детали што сé се смета за прекршување на молкот, радиодифузерите да го консултираат Упатството за медиумско претставување за време на референдум, достапно на веб- страницата на Агенцијата во банерот РЕФЕРЕНДУМ 2018.

Следната недела ќе бидат објавени извештаите за констатираните прекршувања и првиот извештај за медиумското покривање на референдумот.