Во врска со заканите коишто вчера беа упатени кон новинарската екипа на ТВ Клан во кумановско, Агенцијата за аудио и аудиовиозуелни медиумски услуги ги осудува и потсетува дека ваквите појави претставуваат загрозување на слободата на информирање.
Агенцијата во повеќе наврати досега реагираше дека безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена. Токму затоа треба да се вложат максимални напори за да се креираат услови за медиумите професионално да си ја вршат работата, ослободени од закани и притисоци.
Имајќи предвид дека само слободните медиуми водат кон унапредување на демократските процеси, апелираме да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија.