МЕЛБУРН (АА) – Брјот на починати во австралискиот град Мелбурн поради ненадејниот пад на временските температури, којшто предизвикаа бура на полен и респираторни заболувања, се зголеми на 6 лица, јавува Anadolu Agency(AA).
На почетокот од неделата временскте температури се покачија до 38 степени, но потоа само за 1 час температурите паднаа на 15 степени. Оваа појава предизвика бура на полен, пришто вилијаеше врз илјадници луѓе со респираторни заболувања.
Одделот за здравствени услуги Викторија (VDHHS), соопшти дека бројот на починати лица поради влијанијето на бурата од полен и поради респираторна инсуфициенција се зголеми на 6 лица.
Според соопштението на ВДХХС од почетокот на неделата околу 8.500 лица којшто биле под влијаније на бурата на полен се третирани во рзлични болници. Петмина заболени лица се наоѓаат на интензивна нега, од којшто 3 се во критична состојба. Се соопштува дека покрај овие, уште 20 лица којшто не се наоѓаат на интензивна нега се третират во различни болници.
Поради ненадејниот пад на температуара на почетокот на неделата и бурата од полен, илјадици лица страдаат од нарушување на респираторниот систем. Тие се пренесени со сервисите возила на брзата помош. Бурата со полен се движела 100 км на час и само за 5 часа имало околу 2 илјади повици во итната медицинска помош. Ненавремето пристигнување на медицинските екипи биле причина за смртта на лицата.
Поради недостиг на амбулантски возила, болните биле пренесени во болница со полициски и пожарникарни возила. Управата за итни случаи на покраината соопшти дека ќе ги испита амбулантските сервиси и недостатоците којшто се случиле-појавиле при итната интервенција.