Од 1 јануари 2017 година, Австрија го презема претседавањето со Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ). Претседавањето со ОБСЕ, кое трае една година, Австрија го презема од досегашниот претседавач, Германија.
Австриското претседавање со организацијата доаѓа во многу чувствителен момент, поради украинската криза, која сè уште не е решена, а предизвика и влошување на односите меѓу Западот и Русија.
Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, во врска со претседавањето со ОБСЕ, најави дека планира приближување на односите со Русија.
Курц изјави дека Русија повеќепати ја „поминала црвената линија“, но дека нема мир во Европа без Москва.
Тој очекува по преземањето на претседателството, во најкус можен рок да ги посети Русија и Украина, за да разговара за можно решение на конфликтот.