Балкански детско-младински поетски камп: “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески- 2019″

Сподели

 

Утре, во организација на Здружението за култура и литература “Мацково” од Охрид, во селото Лескоец, крај Охрид, започнува првиот Балкански детско – Младински Поетски Камп: “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески – 2019”.

 

Целта е да се обнови споменот кон писателот – втемелувач на литературата за деца и млади, легендарниот Ванчо Николески, низ заедничко другарување и создавање творештво на деца и млади од поширокиот балкански регион.

Учесник ќе биде и малата Катрин Коли, од Глазгов Шкотска, рекордер во изучувањето на македонскиот јазик и познавањето на македонскиот фолклор.

Кампот ќе се одржи од 17 до 20 јуни во  Охрид, селото Лескоец крај Охрид, Вевчани, кај Струга и најповеќе во Белчишта – седиштето на општина Дебрца, односно во Црвена Вода, родното село на Ванчо Николески.

Свечено отворање, е најавено за утре, 17 јуни, во 12.00 часот, во основното училиште “Ванчо Николески”, во Лескоец, со пригоидна програма која ја подготвуваат учениците, а ќе настапат и малата Катрин Коли, родена во Глазгов, Шкотска – вокал и играорка и нејзината мајка Доминика Коли Македонска, виолина).

Во Лескоец, ќе бидат прочитани Посланијата на генералниот секретар на Светската академија за поезија на УНЕСКО, госпога Лаура Троиси, односно на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендароски.

Здружение за култура, литература, издаваштво, еко-активности, рурален, туризам и угостителство

Мештаните им подготвуваат ручек со специјалитети карактеристични за   селото и за регионот Дебрца, додека еден од најстарите жители ќе им евоцира спомени од детството на големиот детски писател Николески.

Веле Митаноски