Бан Ки-мун го истакна значењето на жените во мировните средби

Сподели

ban-kimun

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун истакна дека во мировните преговори, жените можат да одиграат клучна улога за да се стави крај на конфликтите, јавува Anadolu Agency (AA).

Генералниот секретар Бан, зборувајќи на состанокот на тема „Жените, мирот и безбедноста“ на Советот за безбедност на ОН (СБОН), упати повик на жените да им се отстапи повеќе место во мировните преговори: „Со учеството на жените во преговорите, за 35 отсто се зголемуваат шансите мировните договори да траат најмалку 15 години“.

Бан во своето обраќање истакна дека жените се исклучени од голем број од мировните преговори, хуманитарните програми и од градењето мировни планови. „Погледнете ги мировните преговори за Сирија и за Јемен. На преговарачката маса или во делегациите можеби има една жена. Тоа е приказ на општата слика на учесниците“, рече Бан.

Генералиот секретар на Обединетите нации, Бан упати апел до СБОН, во центарот за мировни операции да вметне жени и млади девојки, и му предложи на Советот да продолжи со изнаоѓање на различни патишта на мировните средби.

„По 5-годишните напори, тоа не се случи. Отворено кажано, потребни се нови идеи и помоќни достигнувања“, рече Бан Ки-мун.