Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун вчера ја изрази својата загриженост дека употребата на хемиско оружје „може да стане нормална работа во Сирија или во кој било друг сегашен или иден конфликт“.
– Најважно е оние кои користат хемиско оружје, да сносат одговорност за тоа, наведува Бан во писмо до Советот за безбедност, повикувајќи се на извештајот на Организацијата за забрана на хемиското оружје.
Организацијата веќе води четири случаи за употреба на таков вид оружје, меѓу кои е и оној во врска со Алепо, по наводи на сириската Влада.