Презентирани електронските услуги за граѓаните на Порталот uslugi.gov.mk. Отсега Барањето за остварување на право на старосна пензија ќе може да се поднесе и електронски.
Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов денеска присуствуваше на конференцијата „Националниот портал за електронски услуги: нов изглед, нови електронски услуги“ во организација на Министерството за дигитална трансформација.
На конференцијата беа презентирани новите електронски услуги кои се поставени на порталот uslugi.gov.mk, и тоа од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Министерството за правда, Министерството за култура, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за храна и ветеринарство и Регулаторната комисија за енергетика.
Со овие услуги, како што беше истакнато од учесниците ќе се овозможи граѓаните да добиваат документи по електронски пат и да ги остваруваат своите права многу побрзо, поефикасно и без непотребно чекање.
Директорот на Фондот, Никола Мемов рече дека порталот е многу важен чекор во модернизацијата и приклучувањето на Македонија кон дигиталните трендови. Тој нагласи дека во наредниот период Фондот ќе преземе чекори за модернизација на ИТ секторот, односно модернизација на информатичкиот систем на Фондот, кој е застарен Мемов додаде дека ќе се воспостави нов ICT систем кој што ќе ја обезбеди сигурноста на информатичкиот систем и сигурноста на базите на податоците. Исто така, како што рече тој, со новите решенија ќе се обезбеди уште поголема транспарентност, како и достапност на сите услуги преку веб сервиси.
„Мораме да воведеме нови решенија, кои се модерни и ефикасни, но ќе придонесат и за подобра безбедност и заштита на податоците во системот“, рече директорот на Фондот Мемов.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски при презентацијата на Порталот рече дека успеале за кус период да го редизајнираат порталот, да направат нови решенија за полесен пристап до услугите и да обезбедат, засега, повеќе од 100 услуги за граѓаните со побрз и полесен пристап до нив. Тој нагласи дека со дигитализацијата ќе се намали и можноста за корупција, како приоритет на владата.
Инаку преку новиот портал uslugi.gov.mk граѓаните можат да ги добијат следните 13 нови услуги од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија :
1. Барање за остварување на право на старосна пензија
(со исполнување на условите за старосна пензија се поднесува барање, односно се аплицира на порталот, се закачуваат потребните докази, барањето доаѓа во електронската апликација на Фондот, се води постапка и се донесува решение со кое се признава право и истото корисникот на пензија го презема од порталот.)
2. Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – упатени работници во странство
( услуга со која се аплицира на порталот заради утврдување својство на осигуреник кој се упатува на работа во странство)
3. Барање за издавање решение за утврдување на својство на осигуреник – вработени во странство
( услуга со која се аплицира на порталот заради утврдување на својство на вработен во странство)
4. Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – верски службени лица
( услуга со која се аплицира заради утврдување својство на верско службено лице кое се задолжува со плаќање на придонес)
5. Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник- индивидуален земјоделец
(услуга со која се аплицира заради утврдување својство на индивидуален земјоделец кое се задолжува со плаќање на придонес)
6. Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – продолжено осигурување
( услуга со која се аплицира заради утврдување својство на осигуреник на кој му мирува работниот однос, бидејќи е во придружба на брачниот другар надвор од државата, или на школување… со кое се задолжува со плаќање на придонес обврзникот кај кој е вработен брачниот другар кој се придружува)
7. Барање за донесување на наод оцена и мислење за права од Законот за работни односи
( услуга со која се аплицира на порталот, се закачуваат потребните докази медицинска документација. Ова барање доаѓа во електронската апликација на Фондот и по спроведената постапка корисникот презема известување преку порталот)
8. Донесување наод, оцена и мислење согласно одредбите од Законот за вработување на инвалидни лица
(аплицирање на порталот, прикачување на потребните докази. Ова барање доаѓа во електронската апликација на Фондот и по спроведување на постапката корисниот презема решение како излезен краен документ од порталот)
9. Потврда за исплатени пензии во периоди
(услуга со која се аплицира на порталот заради добивање на потврда која содржи податоци од евиденцијата на Фондот за потребите на други институции и остварување на други права, истата се презема преку порталот)
10.Потврда за исплатени пензии и спроведени задршки од пензија
(услуга со која се аплицира на порталот заради добивање на потврда која содржи податоци од евиденцијата на Фондот за потребите на други институции и остварување на други права, истата се презема преку порталот)
11.Преглед за пресметан и платен данок од доход за исплатени пензиски примања
(услуга со која се аплицира на порталот заради добивање на потврда која содржи податоци од евиденцијата на Фондот за потребите на други институции и остварување на други права, истата се презема преку порталот)
12.Потврда за сметка во банка
( откако ќе се преземе решението со кое е остварено правото на пензија, се аплицира на порталот за оваа потврда за да се отвори сметка на која ќе се исплаќа пензијата и оваа потврда се презема од порталот)
13.Потврда за корисник на пензија без податок за износ на пензија
(услуга со која се аплицира на порталот заради добивање на потврда која содржи податоци од евиденцијата на Фондот за потребите на други институции и остварување на други права, истата се презема преку порталот).
Покрај погоре наведените услуги, од страна на Фондот се подготвени и следните услуги кои се во фаза на тестирање и кои ќе бидат ставени во употреба во наредниот период:
1. Барање за остварување на право на семејна пензија
( се аплицира на порталот, се прикачуваат потребните докази и барањето со доказите пристигнува во електронската апликација на Фондот, по спроведената постапка и донесувањето на решението, истото се презема од порталот).
2. Барање за остварување на право на инвалидска пензија
( се аплицира на порталот, се прикачуваат потребните докази и барањето со доказите пристигнува во електронската апликација на Фондот, по спроведената постапка и донесувањето на решението, истото се презема од порталот).
3. Барање за остварување на право на паричен надоместок за телесно оштетување
( се аплицира на порталот, се прикачуваат потребните докази и барањето со доказите пристигнува во електронската апликација на Фондот, по спроведената постапка и донесувањето на решението како краен резултат, истото се презема од порталот).
4. Издавање на дупликат решение
( се аплицира на порталот за добивање на дупликат решение доколку го изгубил оригиналот, а има потреба за остварување на други права)