“Од следната година македонските фирми ќе може да учествуваат во тендерите за јавни набавки распишани во 35-те земји членки од Европа во Светската трговска организација. До сега, Македонија не ги исполнуваше обие критериуми и домашните компании немаа право да конкуриураат во јавните повици надвор од Македонија” – изјави министерот за економија Кресник Бектеши.
– “Тоа ќе биде нов предизвик за македонските фирми да биде што е можно поконкурентни. Верувам дека до крајот на годината нашата земја ќе стане потписник на спогодбата со Светската трговска организација. Веќе разговарав со претседателот на оваа организација, Роберто Азаведо, кој ни пренесе дека ние веќе сме ги завршиле нашите подготовки – рече Бектеши.