Белгија одбележува годишнина од терористичките напади во Брисел

Сподели

Белгискиот крал и кралица, политички лидери, како и семејствата на жртвите одбележуваат една година од самоубиствените бомбашки напади на аеродромот и во метрото во Брисел, во кои загинаа 32 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Кралот Филип и кралицата Матилда му се придружија на премиерот на Белгија, Чарлс Мишел, на аеродромот Завентем, каде што со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите.

Двајца бомбаши-самоубијци тоа утро се разнесоа во салата за пристигнувања во најголемиот утрински метеж, при што загинаа 16 луѓе.

Повеќе од 300 луѓе беа повредени во нападот за кој одговорноста ја презеде терористичката организација ДЕАШ, додека околу 900 луѓе, кои се сметаат за жртви, претрпеа физичка или ментална траума.

Комеморации исто така се одржуваат во метрото Maелбек, каде што загинаа 16 лица, како и кај новиот споменик, кој официјално ќе биде отриен.

Во Белгија сѐ уште е на сила второто ниво на подготвеност по минатогодишните напади, што значи дека заканата од напад е можна, но не и непосредна.

Војниците сѐ уште ги штитат клучните згради и сообраќајници, а истовремено вршат и патроли.