Во Белград се одржува седница на Советот за национална безбедност, која српскиот претседател Александар Вучиќ ја свика по акцијата на косовските специјални сили РОСУ на север во Косово и апсењето Срби.
Претседателот Вучиќ ја предупреди Европската унија дека Србија ќе реагира ако косовските специјалци не се повлечат од северот на Косово, јави Танјуг.
Двајца Срби се полесно повредени во престрелката што се случи утрово околу 6 часот и 20 минути во Зубин Поток, кога припадниците на РОСУ дошле во реон на селото Доње Вараге во таа општина, јави Танјуг повикувајќи се на полициски извори.
Забележано е движење на српската војска и полиција кон Косово, а во касарната на Војската на Србија во Краљево е забележана активност на оклопни возила, јави РТС.
Агенцијата јави дека сѐ уште се слушаат истрели од огнено оружје. Во акцијата на косовските специјалци се уапсени 13 Срби, припадници на косовската полиција, поради наводна вмешаност во организиран криминал. Меѓу уапсените е и шефот на полициската станица во Зубин Поток.
Околу 6 часот и 20 минути почнала размена на оган помеѓу непознати лица и специјалните единици на косовската полиција во тој реон.