Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе одлука за поскапување на горивата и екстралесното масло за домаќинства.
Од полноќ, бензините и екстралесното масло поскапуваат за 2 денари, а дизелот за 1,5 денари.
Со тоа, бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 од почетокот на утрешниот ден ќе чини 73 денари за литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 75 денари за литар. Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 64,5 денари/литар, а иста е и новата цена на Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1). Мазутот ќе се продава за 40,053 денари за килограм.