БЕСА: ДУИ И ДПА ДА НЕ СЕ КРИЈАТ ПОД ЗАКРИЛАТА НА ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Соопштениие на БЕСА

afrim-gashi-zeqirija-ibrahimi-besa-670x437

По вчерашниот скандал во Собранието на Р. Македонија, Движењето БЕСА ги повикува Албанците од власта, од Собранието, како и претседателите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, итно да излезат пред јавноста и да ги објаснат причините поради кои не ги изгласаа измените во Законот за заштита на сведоците и продолжување на мандатот на СЈО, кои – според оваа институција – се неминовни за расветлување на случаите „Сопот“ и „Монструм“.

Ги повикуваме гореспоменатите лица да не ги чекаат говорите со објаснувања од центарот за пропаганда од ВМРО-ДПМНЕ, туку да излезат и да дадат отчет пред народот. Чинот на негласање на овој закон е нож зад грб кон Албанците и кон меѓународната заедница како стратешки партнер на Албанците.

 Ахмети и Тачи треба да излезат пред Албанците и да објаснат со каков ризик се соочуваат ако се спротивстават на политиката на ВМРО. Ние, како БЕСА – со помош на Албанците, сме подготвени да им гарантираме на Ахмети и Тачи безбедност од секој вид опасност која може да им дојде од ВМРО-ДПМНЕ, од Груевски или од Мијалков, било за нив или за нивните семејства. Затоа прекинете веднаш со вашата антиалбанска политика!

Ако Али Ахмети и Мендух Тачи не можат да се одвојат од политиката на ВМРО-ДПМНЕ, во тој случај ги повикуваме сите пратеници од овие две партии да им го свртат грбот на нивните лидери, дотолку повеќе ако кај нив преостанал уште некое зрнце чест и национална свест.

Немојте да му верувате на Латас дека само ВМРО-ДПМНЕ може да ве заштити! Ако ги изневерите Албанците, никој не ќе може да ве заштити! ВМРО може да ве заштити само додека има потреба од вас. Така се случило секогаш низ историјата со тие кои прифатиле да бидат вазали на другите а на штета на својот народ, од Есат Топтани до Рахман Морина.

На крај уште еднаш апелираме до сите пратеници Албанци во Собранието дека ние како БЕСА, со помош на албанскиот народ во Македонија, може да ви гарантираме потполна безбедност од евентуалните закани кои може да ги имате од ВМРО, Груевски, Мијалков, Ахмети или Тачи. Сега е мигот – утре може да биде доцна.