Бесплатна изведба на „Само глас“ во МНТ по повод Светскиот ден на театарот

Сподели

 

Македонскиот народен театар соопшти дека по повод Светскиот ден на театарот – 27 Март, публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак.

Во претставата играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Дејан Битровски.

Пред почетокот на изведбата ќе бидат прочитани светската и националната порака по повод Светскиот ден на театарот. Автор на светската порака е  египетската актерка Самиха Ајуб, а автор на македонската порака годинава е  актерката Теута Ајдини-Јегени.

МНТ информира дека билетите за претставата треба да се подигнат на денот на изведбата, од 14:00 часот, од билетарницата на Театарот.